Пејачката Мараја Кери и нејзината сестра Алисон долго време не се во добри односи, па пред нешто повеќе од две години дури завршија и на суд.
Постарата сестра на познатата пејачка Мараја Кери објави видео во кое се пожали на лошата финансиска состојба, но и на тешкиот живот без заби.
„Јас сум Алисон Кери, за жал, живеам без заби. Не успеав да ги заменам. Посакувам да можам да ги заменам, но едноставно немам пари и така стојат работите. Речиси е невозможно да правите некои работи без заби. Тоа е сè што навистина имам да кажам“, вели во видеото кое се шири на социјалните мрежи.
Пејачката Мараја Кери долго време не е во добри односи со својата 61-годишна сестра Алисон Кери.
Алисон е зависничка која се опоравува, која е ХИВ позитивна и во неколку наврати јавно побарала помош од Мараја.
Пред осум години таа се здобила со оштетување на мозокот откако крадци упаднале во нејзиниот дом и тешко ја повредиле. Поради тоа, таа морала да оди на операција на ‘рбетот и мозокот. Во видеото кое го снимила и рекла на својата позната сестра дека ја сака.
„Очајно ми треба твојата помош, те молам не ме оставај“, рекла тогаш Алисон, која тврди дека работела како проститутка за да го издржува своето семејство пред Мараја да стане позната.
Сепак, портпаролот на познатата пејачка тврди дека таа никогаш не ја заборавила својата сестра.
„Марија потроши илјадници долари за поддршка на својата сестра и нејзините деца во текот на годините. Таа го издржува своето пошироко семејство две децении“, рекол портпаролот тогаш.
„Зависноста, проституцијата и сидата се некои од нејзините предизвици. Мараја се обидела, но постојат толку многу работи што сами можете да направите“; „Ја мразам Мараја Кери, но фактот што нејзината сестра се огласи на социјалните мрежи само за да покаже колку лошо изгледа покажува колку е токсична“; „Понекогаш семејството ги пали мостовите. Зошто ја обвинуваш Мараја? Луѓето мора да живеат со изборите што сами ги носат“, се само дел од бројните коментари под ова видео.
Да потсетиме, откако пејачката ги објави мемоарите наречени „Значењето на Мараја Кери“ (The Meaning of Mariah Carey), Алисон поднесе тужба до Врховниот суд на Њујорк.
Таа тогаш барала 1,25 милиони долари за емоционалната болка што наводно и ја нанела нејзината сестра. Во тужбата таа навела дека Мараја Кери во книгата упатила бројни обвиненија против неа, а дека нема докази за нив. Тука спаѓаат наводите дека Алисон ја малтретирала Мараја, фрлала топла вода врз неа, предизвикувајќи и изгореници од трет степен, и давала валиум, како и дека се обидела да ја подведува на мажи.
ФОТО: Тикток