More

    Серија моќни торнада во вторникот го погодија средниот запад на САД, што ја натера државата Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба, предизвикана од бура

    spot_img

    Серија моќни торнада во вторникот го погодија средниот запад на САД, што ја натера државата Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба, предизвикана од бура, објави Дејли мејл.

    Невремето довело до уривање на дистрибутивниот центар на „Фед-eкс“, по што повеќе од 50 луѓе биле затрупани во урнатините.

    Гувернерката на Мичиген, Гречен Вајтмер, потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

    „Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападниот дел на Мичиген. Екипите за итна помош се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Икс.

    Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

    „Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде гувернерката на Мичиген.

    Првпат се воведува вонредна состојба во Мичиген поради торнадо. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде што живеат околу 50.000 жители.

    Невремето оштетило електрични кабли, турнало голем број дрвја и оштетило многу куќи и згради.

    – Штетата е голема, нејзиниот размер сѐ уште се проценува – изјави градоначалничката Патриша Рендал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img