More

    Серафимовски: Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се и протести

    spot_img

    Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се и протести, ова го истакна денеска на прес-конференција, претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски.

    – На иницијатива на министерот пред околу десетина дена, на состанокот во неговиот кабинет, се формираше работна група за усогласување на платите. Според минималната плата, никој во државата не смее да има под минимална плата, 20.175 денари, кај нас тоа не е така. До четврта група на сложеност, луѓето кај нас, тие кои се најзагрозени групи, добиваат од 15.900 до некаде 17-18.000 плата. Тоа, според закон, е кривично дело – изјави Серафимовски.

    Министерот за здравство Фатмир Меџити, како што додаде Серафимовски, им пружил поддршка.

    – Кажа дека пред стартот, во септември што ќе биде, 10 отсто покачување за јавниот сектор, за здравство, ќе се заложи да обезбеди финансии за никој да не стартува под минимална плата. Ние на таа работна група, заедно со претставници, експерти од фондот за здравство, од ССМ и наши претставници, ги усогласивме барањата, пуштени се уште во петокот, лично до министерот за здравство, до Фондот, до финансискиот директор на Фондот, Миле Сугарев и до ССМ. Ние бараме со августовската плата да се изврши тоа усогласување со минималната. Доколку тоа не се реши, пред покачувањето најавено во септември, ние ќе почнеме да ги користиме сите законски акти и прописи, тоа значи дека може да има приватни и колективни тужби до Фондот за здравство и до Министерството за здравство, а во согласност со членството, со консултации, може да почнат и протестите – нагласи Серафимовски.

    Доктор Нико Беќаровски рече дека, „со оглед дека по една иницијатива што поттикна од лекарите како резултат на екстремното незадоволство, што беше наталожено во текот на изминативе месеци поради одлуките што се носеа, како што знаете, се формираше иницијативен одбор за формирање на нов лекарски синдикат“.

    – Кај колегиве што се од Синдикатот на Клинички центар наидовме на разбирање и совпаѓање на најголем дел од иницијативите што ние ги предложивме како независен иницијативен одбор, така што, се договоривме за заедничка соработка. Се договоривме во склоп на постоечкиот синдикат да се формира, да се до-екипира т.н. „докторски одбор“, којшто понатаму ќе го носи името „Докторски одбор Хипократ“, каде ќе бидат вклучени сите членови, членовите кои што ќе изразат желба од иницијативниот одбор за формирање на независниот лекарски синдикат – појасни Беќаровски.

    Тој, исто така, се осврна на платите во здравството.

    – Се дискутираше многу и околу дел на надлежностите што припаѓаат реално на Лекарската комора, Македонското лекарско друштво и Комората на сестри. За жал, во изминатиот период, посебно ние како лекари, дипломираните сестри се крајно незадоволни од нивната активност, така што се договоривме заедно со синдикатот, во најкраток период, некаде до почеток на септември, да се организира заеднички состанок со Лекарската комора, со Комората на сестри и со Македонското лекарско друштво, каде сите овие проблеми за што, ние, како иницијативен одбор, веќе пишувавме да се стават на маса, еднаш засекогаш да се разрешат. Да не биде волја на директорот дали нечие образование ќе биде признато или не, туку да постои автоматизам, како што постои во сите останати држави, рече тој.

    Се зборувало и околу нивелирање на коефициентите.

    – Во моментов, ако ги споредиме коефициентиве што се на пример кај еден судија и кај еден доктор, заостануваме два до два и пол пати во однос на нивните плати. Прашуваме дали на оваа држава ѝ требаат само судии коишто ја вршат работата така како што ја вршат, или им требаат и лекари – додаде меѓу другото Беќаровски.

    Според него, ако се нашле пари за судиите и функционерите, би требало да се најдат и за здравство.

    – Ако и овој пат повторно бидеме изиграни, на крај приказната ќе биде, сите коишто створиле некое име во државава, ќе преидеме во приватното здравство. Сите имаме понуди, секој момент можеме да преидеме, а младиве колеги ќе ја напуштат државата – подвлече Беќаровски.

    Тој ја поздрави идејата, без согласност од Министерство за финансии да може да се потполнуваат испразнети места во здравството, нешто што Меџити го најави во вторникот на прес-конференција.

    – Тоа е добра идеја и ја поздравуваме, затоа што конкретно на мојата клиника, од 60 и нешто вработени во моментот, 17 се волонтери. Ако ја напуштат клиниката, токсиколошка лабораторија, државава ќе нема. Каде што има потреба, меѓутоа да се остави изборот на кадар да го направиме ние. Тоа да не значи, „утре ќе распишеме конкурси, ама од разни штабови ќе ви ги пратиме луѓето кои ќе бидат примени“. Со тоа, ќе направиме уште поголема грешка и уште поголемо трупање на персонал – нагласи Беќаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img