Американскиот актер Семјуел Л. Џексон во петокот го доби почесниот Оскар за животно дело. Џексон глумеше во филмовите „Доаѓање во Америка“, „Добри момци“, „Евтини приказни“, „Умри машки“ и во трилогијата „Војна на ѕвездите“, а досега има само една номинација за Оскар за улогата во „Евтини приказни“ на режисерот Квентин Тарантино.
Холивудскиот актер е познат по неговата соработка со режисерите Спајк Ли и Квентин Тарантино.
Наградата на Американската академија за филмски уметности и науки му беше доделена во пресрет на 94-тото доделување што се одржа синоќа во Лос Анџелес.
Оскарот на Џексон му го врачи актерот Дензел Вашингтон, кој рече дека наградуваниот актер снимил повеќе од 150 филмови со вкупна заработка од 27 милијарди долари.
Норвешката ѕвезда Лив Улман, која во 1967 година стана позната во светот по улогата во филмот „Персона“ на славниот Ингмар Бергман, на истата церемонија го доби почесниот Оскар.
Наградата за политички активизам ја доби Дени Гловер (75), познат во „Виолетова боја“ на Стивен Спилберг, а и со улогата рамо до рамо со Мел Гибсон во сагата „Смртоносно оружје“.
Покрај неговата актерска кариера, Дени Гловер водеше кампања за цели кои се движат од движењето за граѓански права во САД до крајот на апартхејдот во Јужна Африка.
ФОТО: Инстаграм