Семејствата на осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година ќе добијат еднократна финансиска помош од 10.000 денари од Општина Битола

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Семејствата на осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година ќе добијат еднократна финансиска помош од 10.000 денари од Општина Битола, изгласаа советниците по иницијативата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според иницијативата, финансиската помош им се додели бидејќи, според Советот, се неправедно осудени.

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Битола СДСМ ја оцени како злоупотреба на пари на граѓаните на општина Битола.

„Тоа е потврда дека во оваа партија предводена од Христијан Мицкоски ништо не е сменето, таму е истата насилничка и режимска матрица. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица троши народни, општински пари за финансиски да поддржува лица осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок, лица кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието“, соопшти СДСМ.

Share This Article