Селска куќа во околината на Сиднеј им пркоси на инвеститорите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Едно семејство, кое живее во куќа со нива во предградие на Сиднеј, Австралија, одбива да ја продаде својата парцела на градежните инвеститори, иако му се нудат дури 50 милиони австралиски долари, (околу 30 милиони евра), а околината веќе е начичкана со модерни куќи како печурки.

Парцелата од два хектари во предградието Пондс, на околу 40 километри северозападно од Сиднеј, е во сопственост на семејството Замит, кое е многу приврзано за својот дом.

Иако нивната парцела воопшто не се вклопува во околината, и штрчи меѓу модерните населби, семејството упорно ги одбива сите понуди за продавање на нивната парцела.

Оттогаш се појавија неверојатни снимки со дрон од домот, откривајќи ги драстичните промени што ги претрпела областа откако семејството се преселило таму пред речиси две децении.

Дајан Замит, која се преселила во имотот со своето семејство пред 17 години, зборувала за Дејли Мејл Австралија за нивниот дом во предградието, велејќи дека „едноставно не е ист“ како порано.

– Порано ова беше обработливо земјиште со мали куќи од црвени тули. Луѓето ја обработуваа земјата. Секој дом беше уникатен и имаше толку многу простор – но не повеќе – изјавила таа.

Локалниот агент за недвижнини Реј Вајт Квакерс Хил, Тејлор Бредин, изјавил во 2022 година, дека блок од 300 квадратни метри може да достигне цена од милион долари.

Повеќето од соседните блокови земјиште се продадени за 239 долари за квадратен метар во 2012 година. Тој пред 10 години би го проценил имотот на Замитс од пет хектари на околу 4,75 милиони долари. Но, оттогаш, цените на имотот во Сиднеј пораснаа, така што нивната последна понуда од 50 милиони долари, иако астрономска, сепак е исплатлива за инвеститорите, зашто на тоа место може да се изградат 40 до 50 куќи.

Семејството Замит, воопшто не размислува да ја продаде парцелата, а упорно одбегнува да дава изјави за медиумите. Нивните соседи се воодушевени од нивната упорност и велат дека, некои работи, едноставно не се на продажба.

 

Share This Article