Селото Ололаи на Сардинија во Италија намириса добра бизнис можност откако Доналд Трамп по вторпат беше избран за претседател на САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Селото Ололаи на Сардинија во Италија намириса добра бизнис можност откако Доналд Трамп по вторпат беше избран за претседател на САД, пишува Си-Ен-Ен. Ололаи ги повика незадоволните од Трамп да се вселат, а некои куќи во селото се нудат и за 1 евро од квадратен метар.

„Дали сте уморни од глобалната политика? Дали сакате да уживате во побалансиран начин на живот, со многу нови можности? Време е да започнете да работите на вашата преселба во Европа во прекрасниот рај на Сардинија“, се вели на веб-страницата на селото.

Претставникот на селото Франческо Колумбу објасни дека страницата е создадена специјално за да привлече незадоволни американски гласачи по претседателските избори. Тој објасни дека ја сака Америка и дека е убеден дека Американците ќе помогнат за заживување на селото кое со децении губи жители.

 

Share This Article