More

    Селма Хаек во мрежаст фустан, под него само долна облека

    spot_img

    Актерката Селма Хаек (56) се појави на премиерата на филмот „Последниот танц на магичниот Мајк“ (Magic Mike’s Last Dance) во провокативен мрежест фустан под кој носеше само долна облека.

     

    Во новиот филм „Последниот танц на магичниот Мајк“, Селма глуми со колегата Ченинг Тејтум, а јасно е дека сите погледи се вперени во неа, бидејќи актерката привлече големо внимание, пренесува „Дејли мејл“.

     

    Селма носеше храбар, црн фустан кој ја истакна нејзината фигура. Фустанот беше покриен со цветни детали што го направија повпечатлив.

    Со оглед на тоа што фустанот беше црн, Селма под него носеше црна долна облека, која одлично одговараше на нејзината тоалета.

    Таа ја надополнила креацијата со високи златни потпетици и зелена чанта која совршено се вклопила со цветниот дезен.

    Иако изгледала феноменално, многу модни критичари ѝ порачале дека оваа креација не доликува за нејзините години.

     

    Јасно е дека актерката им зададе домашна задача на помладите колешки бидејќи изгледа неверојатно во шестата деценија.

     

     

    Актерот Ченинг Тејтум откри зошто Селма Хаек била избрана за главна актерка.

    „Мислам дека би било шовинистички да се сними филм за зајакнувањето на жените, а да нема жена која со својот силен карактер би ги инспирирала другите жени“, рекол Тејтум, додавајќи дека Селма Хајек е создадена за улогата на Максандра Мендоза, моќна богаташка која по разводот бара нова животна насока.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img