Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски посакува со победа да ја заврши групната фаза во Лигата на нации

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски посакува со победа да ја заврши групната фаза во Лигата на нации.

„Црвено-жолтите“ утре се домаќини на Фарски Острови во 6. коло од четвртата група Ц-сегмент.

– Сакаме со победа да ги завршиме натпреварите во групата. Нема да биде лесно, бидејќи Фарски Острови покажаа дека се квалитетна репрезентација. Ние, иако го обезбедивме првото место, имаме цел да освоиме што повеќе бодови и со тоа да сме што подобропласирани во пресрет на баражот за пласман на Светското првенство 2026 – изјави Милевски на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.

Натпреварот ќе се игра на Национална арена „Тодор Проески“ со почеток во 15 часот.

Македонија е во серијата на четири победи и убедливо на првото место со 13 бода. Фарски Острови собраа шест бода, Ерменија четири, Летонија исто така четири.

Share This Article