Вие, не сте нормални!, накратко им кажа селекторот Благоја Милевски на фудбалерите во соблекувалната, по што стартуваше еуфоријата. Македонската фудбалска репрезентација испиша историја во Ерменија со триумфот од 0-2 со головите на Бојан Миовски и на Исник Алими. Македонија за првпат има три победи во низа без примен гол.
– Критики секогаш ќе има, посебно треба да има критики за подобро на македонскиот фудбал. Но, тие критики само го мотивираат овој тим. По ремито во Скопје против Италија почнав да верувам во овој тим. Да се вратите по 7-0 во Манчестер против европскиот првак не е лесно. Тогаш решив да верувам во нив и нема никогаш да се откажам во нив. Тие секогаш се тука за Македонија, кога ги пренесуваат сите ваши замисли, не можете да не верувате во нив. Свесно тестиравме со моќни противници како Хрватска, Чешка, Црна Гора, Молдавија за да дојдеме до овој степен како во Лигата на нации. Свесно форсирав некои фудбалери против Англија, Италија, Украина, за да добиеме фудбалери. Некои од тие натпревари и незаслужено ги загубивме, но еве нешто сега ни се враќа.
Пред три години во Ереван Македонија ја победи Ерменија со 5-0.
Украинскиот стручњак Александар Петраков вечерва доби отказ од селекторската функција во репрезентацијата на Ерменија откако неговата селекција доживеа убедлив пораз од Македонија во четвртото коло од Лигата на нации.
Ако се соберат пријателските и официјалните натпревари од евро-квалификациите и Лигата на нации, македонската селекција има четири врзани победи против ерменскиот национален тим.