Села не смета дека проблемите во Алијанса за Албанците ѝ помагаат на ДУИ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот лидер и сегашен претседател на Собранието на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во гостување во емисијата „Клан Македонија“ се пофали дека лично тој е најзаслужен за актуелниот лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, да стане политичар.

– Во 2016 година никој политички не го познаваше Арбен Таравари. Во 2014, 2015 година кога го започнав Движењето за реформи, го поставив за генерален секретар. Во 2016 година беше втор на листата за пратеник во изборната единица број 1. Загуби. После тоа го направив министер за здравство, напредуваше – рече, меѓу другото, Села, додавајќи дека на локалните избори во 2017 година коалицирал со Движењето Беса за Таравари да стане градоначалник на Гостивар.

Претседателот на Собранието на Алијанса изјави дека неговите постапки не ѝ помагаат на ДУИ и додаде дека коалицијата со албанската опозиција не гарантира промена. Села вели дека останува на ставот дека партијата ќе се натпреварува сама на изборите на 8 мај.

Села посочи дека Таравари имал средби со шефовите на опозициските партии тајно и на нетранспарентен начин. Според Села, скандалозно било тоа што Таравари не однел ниту еден член на Претседателството на средбите што ги имал со косовскиот премиер Албин Курти.

Зиадин Села во Клан дебата по којзнае кој пат изјави дека некој надвор од партијата го наметнал политичкото делување на претседателот на партијата, што според него довело до сегашната поделеност.

„Се додека Зиадин Села политички дише во Алијансата, јас не сум дозволил и нема да дозволам фактори од надвор да ја контролираат партијата“, рече меѓу другото.

Share This Article