Сексуално злоставувале 7 деца помлади од 12 години

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Осум жени се прогласени за виновни и казнети на затворски казни од 10 до 17 години затвор за учество во синџир за злоупотреба на деца во Велика Британија. Тие биле членови на банда педофили кои повеќе од десет години злоставувале 7 деца помлади од 12 години, објавија британски медиуми.

Нивните злосторства биле откриени откако една од нивните жртви завршила во болница поради повреда. По тој случај, полицијата започнала голема истрага во Западен Мериленд која траеше пет години. Само еден член од педофилската група ги признал свирепите злосторства што ги направиле врз децата, додека останатите не покажале каење. Судењето неколку пати беше одложувано поради пандемијата на коронавирусот.

Во овој случај полицијата соработувала со социјалните служби за да ги заштити децата.

– Осомничените во овој случај извршиле некои од најтешките полови кривични дела, меѓу кои и нанесување физички и психички повреди – рече обвинителот по објавувањето на судската пресуда.

Најозлогласена од нив беше Трејси Бејкер, која беше прогласена за виновна по пет точки за сексуална злоупотреба на деца и осудена на 16 години затвор. Меѓу осудените е и Натали Велингтон, која е осудена на 17 години затвор за четири кривични дела.

– Систематската злоупотреба извршена од овие жени е една од најшокантните што сум ги видел во мојата кариера – рече главниот инспектор Пол Дровер, кој ја водеше истрагата за случајот.

Тој рече дека сето тоа најтешко им паднало за седумте деца кои со години го трпеле најстрашното малтретирање, кое им оставило психички и физички лузни.

– Тие доживеаја голема траума. Ова ќе има трајно влијание врз нивното ментално и физичко здравје – рече инспекторот Дровер.

Share This Article