More

    Секој ден ќе слетува по еден авион со гости од Германија, Франција и од Британија

    spot_img

    Од февруари секој ден во Македонија ќе доаѓа по еден авион со туристи од Германија, Франција и од Велика Британија. Тоа се дополнителни 35.000 гости на годишно ниво, надвор од туристичката сезона, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

    Овие гости ќе ги посетуваат значајните културни и историски споменици и обележја во регионот и се очекува при нивниот престој во Македонија да потрошат вкупно 30 милиони евра.

    – Како Влада ќе ги поддржиме плановите на туристичкиот оператор РСД од Германија, бидејќи стратешка цел е да се поддржува туризмот и тоа беше една од причините туризмот да се поврзе со Министерството за кутура. Од февруари 35.000 туристи надвор од сезоната ќе ја посетуваат Македонија во организација на оваа агенција. Тие имаат намера да развиваат културен туризам, а ние да ги покажеме нашите културолошки капацитети во Охрид, Скопје и други. Македонија има многу места со кои може да се гордее – рече денеска премиерот Мицкоски.

    Тој додаде дека РСД се голема групација со обрт над милијарда евра, која се занимава и со маркетинг, телекомунакции, енергетика и хотелиерство.

    – Тоа е голема сложена групација и од овој февруари ќе носат по еден авион со по 190 туристи од Германија Франција и од Велика Британија. Тоа би значело, според просекот на оваа компанија, дополнителни околу 30 милиони евра директни трошења кај нас од страна на овие гости. Со сместувањето и превозот може да дојдеме до 50 милиони евра. Овие 35.000 гости се на балканска тура, ќе имаат едно ноќевање во Скопје, па ќе одат во Црна Гора и во Албанија, па едно ноќевање во Охрид и ќе завршат со две ноќевања во Скопје – рече Мицкоски.

    Ова се околу 140.000 нови ноќевања годишно, што е од 10 до 15 проценти повеќе од вупниот број ноќевања на странски гости во овој момент.

    – Планот е да ги дуплираме овие летови, да имаме два или три дневно. Но, тоа зависи од нас, гостите имаат побарувања од квалитетни сместувачки капацитети и треба како држава да поддржиме такви капацитети. Сакам да го искажам своето задоволство од оваа соработка, оти е значителен успех да имате директна кеш ликвидност во економијата од 30 до 50 милиони евра годишно и 140.000 нови ноќевања – рече Мицкоски.

    Тој најави дека Владата преку воспоставените програми сериозно ќе го поддржи овој вид соработка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img