Се навршуваат 50 години од прераната смрт на ракометната легенда Перо Спростран.Перо Спростран беше роден во Охрид (1938-1973) ,охриѓани го помнат како вистински џентламен,како на спротскиот терен,такаи надвор од него во охридското секојдневие,секогаш елегантен,насмеан,љубезен како на спортскиот терен ,така и надвор од него.
Ракометот и љубителите на ракометот посебно го помнат Перо Спростран,поради промената на правиолото на шутирање на пенал во ракометната историја.
„Кога Перо Спростран шутираше пенал на ракомет се вртеше во круг и голманот немаше шанси да го одбрани пеналот.Тогаш ракометната федерација за прв пат го промени правилото на шутирање на пенали,кое правило е на важност и до денес“,стои во книгата -Историјаја на ракометот.
Перо Спростран ќе се памети како ракометар ,Наставник, и спортски судија.Неговиот син Зоран Спростран тргна по ракометните стази на неговиот татко Перо и тој доста време беше еден од најдобрите ракометари во Охрид.
Перо Спростран почина на 20-07-1973 година во неговиот Охрид,каде е и неговиот вечен дом.