More

    Сека Алексиќ отиде на матура со девојчето кое е жртва на врсничко насилство

    spot_img

    Српската фолк пејачка Сека Алексиќ пред извесно време реагираше на веста за девојчето кое децата го омаловажуваат поради неговата националност и никој не сакал да оди со девојчето на матура.

    Пејачката штом ја видела објавата на социјалните мрежи го контактирала семејството и ги известила дека ќе оди со девојчето на матура, бидејќи никој од нејзините врсници не сакал да оди со девојчето.

     

    Неколку недели по проширувањето на веста, дошол и денот кога ова девојче требало да оди на матура, а како што ветила Алексиќ, пристигнала во нејзиниот град со огромен букет цвеќе, го прегрнала девојчето, го фатила за рака и отишле на матура.

    Девојчето за оваа посебна вечер избрало црно фустанче и бели патики во согласност со нејзините години. Убавата матурантка блескала одејќи на својата матура.

     

     

    Да потсетиме, сѐ започна кога една корисничка на Твитер објави приказна за девојче кое трпи насилство од врсниците во основното училиште „Петар Петровиќ Његош“ во Врбас.

    Овој гест на Сека Алексиќ уследи по известувањето на една жена која изнела страшни детали за психичко малтретирање, пишува српски „Информер“.

    „Јас ќе одам на матура со неа! Каде е тоа девојче“, напиша тогаш пејачката на Твитер, а акцијата ја поддржаа многу јавни личности, кои исто така изјавија дека сакаат да одат на мала матура во Врбас.

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img