More

    Сегашните и бившите репрезентативци ќе си одмерат силите на 3 јануари

    spot_img

    Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денеска ги повика љубителите на спортот, на 3 јануари да дојдат во спортската сала „Борис Трајковски“ на ревијалниот и хуманитарен спортски настан „Сите ѕвезди“ на кој од 19 часот ќе играат поранешните и сегашните ракометни репрезентативци.

    – Чест ми е и привилегија со еден ваков прекрасен настан да се заблагодариме на овие 20 посветени Македонци кои најпрофесионално, со целосна посветеност и полно срце ги бранеа боите на нашата репрезентација изминатите години. Сметам дека ќе биде интересен настан. Тие заслужуваат многу повеќе од ова што го правиме. Ги поканувам сите кои можат да дојдат. Благодарност и до уметниците и до спонзорите затоа што настанот ќе биде хуманитарен и сите средства ќе одат за Детското СОС село. Цел на Ракометната федерација на Македонија е да собереме еден милион денари и да ги донираме за потребите на дечињата. Dосега се продадени 4.500 билети, останаа уште 1.500, се надевам дека салата ќе биде полна – рече Мукаетов.

    Натпреварот меѓу сегашните и поранешните репрезентативци се очекува трае две полувремиња од по 15 минути.

    Претставници на ветераните на денешната прес-конференција беа пивотите Ванчо Димовски и Стојанче Стоилов. Двајцата ја поздравија иницијативата настанот да има хуманитарен карактер.

    – Би сакал овој настан да им донесе среќа на нашите репрезентативци на Светското првенство – рече Димовски.

    Стоилов очекува добра забава, дружење и позитивна атмосфера.
    Од името на СОС Детско село за финансиската донација се заблагодари Рахела Евтимова.

    – Оваа поддршка на децата им е повеќе од потребна. Благодарност до Ракометната федерација на Македонија, ракометарите и сите оние кои што ќе дојдат на настанот – рече таа.

    Покрај натпреварот на поранешните и сегашните македонски репрезентативци, публиката ќе има можност да ужива во настапот на Некст тајм, Кики, Меморија, Дац и Александар, Сашко Коцев.

    На ревијалниот натпревар ќе се појави и Стојанче Стоилов.

    – Настанов е одлична можност да се оддаде почит на една генерација која твореше тука со години и да се даде почит на новата генерација и репрезентација, на новиот почеток. Овој настан ќе ја отвори спортската 2023 година. Се надевам дека нема да има повреди, посебно кај оние што со години не играле – рече на шега Стоилов.

    – Се помирив (со пензионирањето) уште таа вечер кога соопштив дека ја завршувам репрезентативната кариера. Беше тема за која размислував подолго време. Сум гледал натпревари на којшто треба да играм од ТВ, но за репрезентација никогаш. Во јануари нема да бидам во Краков, но репрезентативците ќе ја имаат мојата поддршка. Се надевам дека без никаков притисок ќе се покажат во вистинско светло и ќе уживаат – додаде Стоилов.

    Билетите се продаваат по цена од 250 и 300 денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img