Седумнаесетгодишната Сара Петровиќ од Белград исчезна денеска околу 13 часот, а последен пат е видена во близина на ресторанот „Франш“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Седумнаесетгодишната Сара Петровиќ од Белград исчезна денеска околу 13 часот, а последен пат е видена во близина на ресторанот „Франш“, јавуваат српските медиуми.

Според информациите, таа се качила во автобус на автобуската станица кај Зелени венац.

– Само кажа дека заспала во автобусот и оттогаш ѝ се губи секаква трага. На нејзиниот телефон се јавува непознато машко лице. Не знаеме дали се работи за киднапирање или за кражба – се наведува во пост на Инстаграм.

Сара е висока 165 см, има кафена коса и очи, а има тенка градба. Беше облечена во црно и носеше црн ранец, пишува во објавата.

Нејзината мајка плачејќи за српски Телеграф изјавила дека само сака детето што побрзо да го најде и дека се сомнева оти е киднапирана.

-Не знам ништо! Само сакам да ја најдам што поскоро. Сега одам во полициска станица. Се враќаше од забавата во Младеновац и оттогаш ја нема. И се јавив, ми крена некој, слушнав врева во автобусот, ама нејзе не ја чув. Не знам што се случува! Што ако моето дете е киднапирано? – изјави таа за Телеграф.

Share This Article