Седум лица загинаа во поплава на река предизвикана од силен дожд во кинескиот град Пенгжу, соопштија локалните власти.
Нивото на водата на реката нагло порасна за само 10 до 20 секунди, а водата ги однесе луѓето кои се наоѓаа во близина, објави Кинеското национално радио.
Претходно беше издадено предупредување луѓето да ја напуштат областа по најавените обилни дождови, соопштија градските власти.
Три лица се хоспитализирани и се со полесни повреди.
Пенгжу е туристички град на околу 70 километри северно од Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан.
Во текот на ноќта силен дожд предизвика поплави и во градот Сининг, на северозападот на Кина.
Обилни врнежи се предвидуваат и за денеска и утре, се очекува да наврнат од 10 до 18 сантиметри дожд во провинциите Лиаонинг и Џилин.