More

    Седум амбасадори се отповикани од функцијата. Муцунски вели дека процедурата е редовна

    spot_img

    Седум амбасадори се отповикани од функцијата. Указите ги потпишала претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова и тие се објавени вчера во „Службен весник“.

    Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вели дека ова е редовна процедура, согласно Законот за надворешни работи, на амбасадорите им завршува мандатот и наскоро започнува процес за именување на новите амбасадори.

    Станува збор за амбасадорот во НАТО, во постојаната мисија на Северна Македонија во Обединетите нации во Женева, во Албанија, Данска, Ватикан, Казахстан и во Катар.

    Министерот Муцунски информираше и дека во моментов се вршат внатрешни процедури за амбасадорот Весел Мемеди во Рим и за Андреј Жерновски во Букурешт. Во однос на амбасадорот во Обединетите нации, Љубомир Фрчковски, Муцунски кажа дека и покрај тоа што поднесе оставка, сѐ уште трае внатрешната ревизија во МНР.

    Според министерот Муцунски, приоритет во идниот период ќе биде именување на амбасадор во НАТО.

    Согласно указите, мандатот на амбасадорот во НАТО, Дане Талески, престанува заклучно со 14 јануари, 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември, годинава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img