Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.П.(43) од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување јавни инсталации”.
На 13.05.2023 во селото Градец, Крива Паланка, на место викано „Пушкарци”, пријавениот при сеча на дрво во приватен имот оштетил јавен кабел – проводник, при што предизвикал прекин на електричната енергија во селото.