Фудбалскиот клуб Рома на крајот од сезоната ќе може да го купи белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку за 37 милиони евра, пишува британски Дејли Мејл.
Лукаку е член на Челзи, а со лондонскиот клуб има договор до 30 јуни 2026 година. Моментално е на позајмица во Рома.
Британските медиуми пренесуваат дека челниците на Челзи конечно ја пронашле вистинската опција да го продадат белгискиот напаѓач надвор од Премиер лигата.
Лукаку (30) постигна седум гола на осум натпревари за Рома во сите натпреварувања. Белгиецот порасна во Андерлехт, а потоа играше за Челзи, Вест Бромвич Албион, Евертон, Манчестер Јунајтед и Интер.
Во лондонскиот клуб се врати во 2021 година, а минатата сезона ја мина на позајмица во Интер.