Шпанскиот тенисер Рафаел Надал имаше голема желба да настапи на првиот Грен слем сезонава во Мелбурн, но повредата заработена во Австралија повторно го одвои од терените. Сепак, 37-годишниот играч останува мотивиран да се натпреварува и неговото враќање на АТП турнејата е веќе потврдено.
Освојувачот на 22 Грен слем титули се најде на списокот со учесници на АТП турнирот што почнува во Доха на 19 февруари. Тоа е Отвореното првенство на Катар, кое Рафа го освои уште во 2014 година.
Тоа значи дека многу е извесен и настапот на Надал на турнирот во Дубаи, кој започнува седум дена подоцна.
По долга пауза поради повреда, Надал се врати на теренот во Австралија на почетокот на 2024 година, но не одигра многу натпревари. По поразот од Џордан Томпсон, на Шпанецот му стана јасно дека се уште е рано да се натпреварува во три освоени сета.
На списокот на учесници за турнирот во Доха во моментов ги нема Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, двајцата најдобри тенисери на планетата, туку Медвед, Рублев, Хачанов, Мареј…