Се зголемуваат и бенефициите на работниците поврзани со минималецот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Минималната плата во Грција од 1 април ќе се зголеми на 830 и ќе повлече низа поволности за работниците, невработените, сезонските работници и студентите, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по денешната седница на грчката влада.

-Минималната плата се зголемува по 4-ти пат и така од 1 април оние на кои им се исплатува минималната плата ќе добијат 830 евра  месечно што е  зголемување од 50 евра и  носи со себе три години и бенефиции – рече грчкиот премиер.

Минимална плата во Грција во 2019 година, рече Мицотакис, изнесуваше 650 евра, а сегашното зголемување е од 27%.

Според Мицотакис, одлуката за зголемување на минималната плата нема да влијае на  отпорноста и конкурентноста на економијата и ги поддржува приходите без да го загрози намалувањето на невработеноста. Целта е да имаат корист и туристичките работници.

Зголемувањето на минималната плата ќе повлече и зголемување на неколку социјални примања на грчките граѓани кои се поврзани со минималецот: посебна породилна помош, додаток за родителско отсуство како и мерките кои ги опфаќаат невработените и сезонските работници.

Share This Article