Најмалку 62 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот дел на Јапонија, според новиот биланс објавен утринава од локалните власти. Акцијата за спасување и потрагата по преживеани е во тек.
Надлежните предупредија на обилни врнежи од дожд во текот на целиот ден и можни одрони во загрозеното подрачје.
Претходниот биланс од земјотресот што се случи во понеделникот беше 48 загинати.
Серија силни земјотреси го погодија западниот дел на Јапонија, а најсилниот со магнитуда 7,6 беше на североисточниот врв на полуостровот Ното, на северот од департманот Ишикава.