Се зголемува бројот на антисемитски напади во Австрија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Антиизраелски протестанти синоќа запалиле предмети во еврејскиот дел на централните гробишта во Виена и притоа сликале антисемитски симболи, меѓу кои и кукасти крстови.

-Дел од салата за погребни церемонии е изгорена, а на надворешните ѕидови беа насликани кукасти крстови – изјави Оскар Дојч, претседател на израелската културна заедница во Виена, по обиколката на гробиштата.

Според информациите од виенската противпожарна служба, во текот на ноќта изгорел дел од зградата, а пожарот бил изгаснат до доаѓањето на пожарникарите. Засега не се знае како сторителите влегле на гробиштата кои се затворени во ноќните часови, а поради сомневање за политичката заднина на делото во истрагата е вклучена и Покраинската канцеларија за заштита на уставниот поредок.

По избувнувањето на конфликтот во Израел, нивото на заштита од тероризам во Австрија е зголемено, а заштитата особено ги опфаќа објектите на еврејската заедница, но и покрај тоа, бројот на антисемитски злосторства нагло се зголеми. Австриските политичари ги поддржаа мерките насочени кон заштита на Евреите во Австрија.

– Бројот на антисемитски напади во Австрија е значително зголемен. Ова мора да престане – изјави австрискиот претседател Александар фон дер Белен, реагирајќи на нападот на еврејските гробишта. Австрискиот канцелар Карл Нехамер остро го осуди синоќешниот напад и изрази надеж дека сторителите брзо ќе бидат пронајдени.

Дури и пред ескалацијата на конфликтот, по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и израелската контраофанзива, израелската културна заедница забележа постојан пораст на нападите со антисемитско потекло. Минатата година во Австрија се забележани 719 инциденти со антисемитско потекло, што е втор најголем број од воведувањето на статистиката.

Share This Article