Се засилуваат гласовите Украина да не бара „преку леб погача“

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украински високи претставници даваат агресивни и воинствени изјави за неизоставно враќање на Крим под украинска управа, откако се засилија тезите дека клучот за завршување на конфликтот лежи во преговори за идинината на Крим, кој беше анектиран од Руската Федерација во 2014 година.

Статусот на островот, на кој е стационирана руската црноморска флота, како можна тема за идни преговори, деновиве го актуелизираше Андриј Сибиха, искусен украински дипломат и заменик-шеф на канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Украина „би разговарала за статусот на Крим, доколку бидат исполнети целите на нејзината пролетна офанзива“.

– Ако успееме да ги постигнеме нашите цели на фронтот, односно кога сме на административната граница со Крим, подготвени сме да отвориме дипломатски преговори на таа тема. Тоа не значи дека го исклучуваме военото ослободување на Крим – изјави Сибиха во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Конечно, глас на разумот

Оваа изјава наиде на одобрување кај бројни западни аналитичари, како сигнал за можен излез од воената криза со преговори. Како што објави „Фајненшл тајмс“, ова е „најексплицитната порака досега дека Украина е заинтересирана за преговори“ со Русија откако ги прекина во април минатата година.

„Фајненшл тајмс“ посочува дека изјавите на Сибиха може да ја намалат загриженоста на западните лидери кои се скептични за способноста и капацитетот на украинската армија за воено ослободување на Крим, но и загриженоста за можноста рускиот претседател Владимир Путин да ја ескалира војната поради таквите обиди, можеби дури и со тактичко нуклеарно оружје.

Сепак, набргу уследија остри изјави од официјален Киев, веројатно за да не ги изгуби преговарачките позиции и да остави впечаток дека отстапувањето на Крим на Русија е „готова работа“.

„Ќе збришеме сè руско од Крим!“

- Advertisement -
Ad image

Михајло Подољак, висок помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера дека Украина може да го заземе Крим за седум месеци и дека потоа „ќе збрише сè што е руско на полуостровот“.

– Руската култура ќе биде забранета на Крим кога Украина ќе ја врати контролата. Сѐ што е руско мора да се искорени од Крим. Веднаш штом ќе влеземе ќе се воведат законски казни за имателите на руски пасоши и другите предавници што живеат во регионот. Украина ќе го окупира тој полуостров во рок од 7 месеци – рече Подољак во интервју за РСЕ.

Тој тврди дека неговиот став е „математички потврден“ и дека Русија ги нема потребните ресурси за да го задржи регионот.

- Advertisement -
Ad image

Американски аналитичари, повикувајќи се на извори во Белата Куќа, деновиве изјавуваат дека Украина ќе ја изгуби меѓународнта поддршка во финансии и оружје, доколку тргне во офанзива за враќање на Крим, со оглед на тоа што се проценува дека таквиот развој на настаните ќе го ескалираат конфликтот.

Дека идејата за статусот на Крим е пресуден за ставање крај на војната наидува на подршка, покажуваат и изјави на некои светски лидери кои се сметаат за блиски или барем воздржани кон Москва.

Лула де Силва: На светот му треба решение

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва вчера отворено предложи Украина да ѝ го отстапи полуостровот Крим на Русија за да стави крај на војната, нагласувајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не може да бара сè“.

Лула де Силва: Зеленски не може да бара сè

– Шефот на руската држава Владимир Путин не може да ја заземе територијата на Украина. Веројатно може да се разговара за прашањето за Крим, тој треба да ги преиспита работите. Ниту Зеленски не може да бара сè … На светот му треба смиреност … Мора да најдеме решение – истакна де Силва.

На крајот на јануари бразилскиот претседател излезе со сè уште нејасен предлог за посредување во конфликтот во Украина од страна на група земји. Следната недела бразилскиот претседател треба да му го претстави својот проект на кинескиот колега Си Џинпинг во Пекинг.

Шефот на бразилската држава изјави дека е „уверен“ во шансите за успех на овој проект и се надева дека оваа група на земји ќе се формира по неговото враќање од Кина.

Главниот советник за надворешна политика на Лула, Селсо Аморим, на крајот на март во Москва се состана со Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој се очекува да пристигне во Бразил на 17 април.

Војна за Крим води кон тотална војна

Ова не е првпат да се истакнува дека прашањето на Крим треба да биде предмет на преговори и дека инсистирањето на Украина да го врати под своја контрола е нерално, со оглед на стратешката важност на полуостровот и неговата историја на прогласување за украинска теротирија. На Крим се наоѓа и најголемата поморска база на Русија Севастопол, кој ужива специјален статус уште со распадот на Советскиот Сојуз и прогласувањето независнот на Украина.

Познатиот геостратег и поранешен државен секретар на САД Хенри Кисинџер во своите јавни оценки за војната во Украина неколку пати нагласи дека пресуден за мировно решение е статусот на Крим.

Анализирајќи го можните сценарија за развој на војната за весникот „Спектејтор“ Кисинџер вели дека најопасно сценарио би било обид да се „истисне“ Русија од Крим. Кисинџер смета дека ова сценарио може да доведе до ескалација на конфликтот.

– Ако продолжат воените операции, ќе се зголеми ризикот Западот да се најде во војна со Русија – истакна Кисинџер. Тој потсетува дека уште лани предложил план за прекин на огнот и мировни преговори, според кој Русија би требало да се врати на позициите од пред 24 февруари 2022 година, а статусот на Крим да биде „предмет на преговори“.

Share This Article