Се заканува помор на свињите во Србија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Србија може да остане со драстично намалено производство на свинско месо доколку не стивне заразата со африканска свинска чума (АСЧ) која со сѐ поголемм интензитет се шири во српските фарми.

Во Србија се потврдени 1.363 случаи на африканска свинска чума (АСЧ) кај домашни свињи во 918 фарми во 30 општини, од кои 662 починале, објави српското Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што се наведува, еутанизирани се 11.840 свињи од различни категории, заедно со дезинфекција на фармата. За угинатите и убиените свињи се обезбедува целосен паричен надоместок на сопствениците на животните по итна постапка во сите реони каде што е регистрирана заразата.

Во 2023 година досега се потврдени вкупно 303 случаи на АСЧ кај диви свињи на територијата на 24 општини во Србија

Министерството апелира до сопствениците на свињи секоја промена во здравствената состојба да ја пријават кај ветеринарот, со цел брзо дијагностицирање на болеста и преземање на сите неопходни мерки во најкус можен рок за да се спречи ширењето на болеста.

Африканската свинска чума е вирусно заболување што ги напаѓа свињите со кое покрај Србија се бори и целиот регион и некои земји од Европската унија, а во Србија првпат е дијагностицирана во 2019 година.

Во областите во кои српското Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за ветеринарство ги прогласи зараза со африканска свинска чума, колењето на свињи е можно само за сопствени потреби и со одобрение на ветеринарната инспектор.

Share This Article