СЕ ВЕШТАЧАТ ТРАГИ ПО ПУКАЊЕТО НА ПЛАСТИЧАРСКА

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот Никола Карев, каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.

Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибрани од лице место, а се преземаат и други дејствија.

Министерството за внатрешни работи постапува за откривање на сторителите.

Како што информиравме, познатиот пејач Амар Исмани бил убиен, а двајца се ранети по пукање кое синоќа се случило на булеварот Никола Карев, попознат како Пластичарска улица, во Скопје.

Во 23.45 часот, од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје.

– Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал – соопшти МВР.

Share This Article