More

    Се уште се борат за живот повредените во несреќата во Нови САД

    spot_img

    Лекарите од Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина соопштија дека како последица од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, повредени се три лица, во тешка општа состојба и дека сега се развиваат секундарни компликации, објави денеска РТС.

    Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

    Досега во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад се сослушани 66 лица.

    Речиси две недели откако се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад и загионаа14 лица, а тешко повредени три, сè уште нема уапсени. Во Нови Сад речиси секој ден има протести и акции, а се најавуваат нови, јавија српски медиуми.

    По прошетката во Белград, протестите се враќаат во Нови Сад.

    Градот стои на 14 минути, во 11:52 часот. Во моментот кога 14 дена претходно биле згаснати 14 животи, јави Н1.

    – Поминаа 14 дена од трагедијата, не само што никој не одговара, никој не е гонет, многумина се сослушани, а немаме ниту осомничени. Затоа ги повикавме граѓаните да покажат отпор кон избегнувањето на одговорност од страна на одговорните – вели Стеван Бабиќ од Крени-Промени.

    Додека опозицијата најавува стопирање на Нови Сад в петок, младите најавуваат прекин на сообраќајот в недела на шест часа и бараат – одговорност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img