More

    Се урна зграда: 11 лица загинаа во пожар во фабрика во Њу Делхи

    spot_img

    Најмалку 11 лица загинаа, а четворица се повредени во голем пожар во фабрика за бои во индискиот главен град Њу Делхи, соопшти во петокот официјален претставник.

    Атул Гарг, највисокиот функционер на противпожарната служба во Њу Делхи, кој ја потврди бројката на загинати како работници во фабриката, рече дека примиле повик во четвртокот вечерта и 22 противпожарни екипи биле веднаш на местото за да го изгаснат пожарот.

    Инцидентот се случил во областа Алипур, според официјални лица.

    „Поради експлозијата, зградата се урна, а работниците останаа заробени во фабриката и не можеа да бидат спасени“, објави Гарг на социјалната мрежа Х.

    „Прес труст оф Индија“ објави дека во зградата каде што избувна пожарот имало и складишта за хемикалии, а биле пронајдени јагленисани тела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img