Три лица се извлечени од урнатините на зградата во Торе дел Греко, која е оддалечена околу 12 километри од Неапол, а во болница се згрижени со повреди на различни делови од телото, јавува италијанската агенција АНСА.
Италијанските медиуми јавуваат дека две лица кои биле во близина на зградата се полесно повредени откако биле погодени од парчиња од урнатините.
Спасувачите продолжуваат да трагаат по луѓе во урнатините, а не е познато колку имало внатре во зградата во моментот на уривањето. Исто така, пожарникарите се обидуваат да одблокираат две постари жени кои се заробени во нивните домови по уривањето на блиската зграда.
Локалните жители велат дека зградите во Торе дел Греко се многу стари, а онаа што се урна била особено критична и имала видливи пукнатини и други знаци на опасност, наведува италијанската агенција.