Бомбардер Ту-22М3 на Воздухопловните сили на Русија се урна на територијата Ставропол по завршување на борбена мисија при враќање на матичниот аеродром, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.
„Во Ставрополската територија, по завршувањето на борбената мисија при враќањето на домашниот аеродром, се урна авионот Туполев Ту-22М3 на руските воздушни сили. Пилотите се катапултираа“, се вели во соопштението на Министерството.
Во авионот имало четиричлен екипаж која се катапултирал при инцидентот. Тројца од нив се пронајдени, а спасувачките тимови сè уште трагаат по еден член на екипажот.
Според информациите на руските медиуми бомбардерот се урнал поради „технички дефект“.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како стратешки бомбардер гори додека паѓа.
Според неофицијални информации, авионот се урнал на 400 километри од границата со Украина.