More

    Се урна мост, возила паднаа во река: се повеќе жртви поради тајфунот Јаги

    spot_img

    Обилните дождови продолжија да паѓаат во северниот дел на Виетнам откако тајфунот Јаги ја погоди земјата, кој предизвика лизгање на земјиштето, поплави, големи материјални штети, прекин на електричната енергија, како и смрт на најмалку 21 лице и 299 повредени, објавија денеска државните медиуми.

    Сообраќаен мост над надојдената Црвена река во провинцијата Фу То утрово се урна. Неколку возила паднале во реката, а три лица биле спасени и пренесени во болница.

    Во неделата, од лизгање на земјиштето загинаа шест лица, меѓу кои и едно бебе, а уште девет беа повредени во градот Са Па.

    Во главниот град Ханој работниците чистеа откорнати дрвја, уриваа билборди и урнаа електрични столбови. Во северозападниот дел на Виетнам продолжија да паѓаат обилни врнежи, а синоптичарите соопштија дека на некои места може да наврнат и рекордни 40 сантиметри дожд.

    Тајфунот Јаги беше најсилниот тајфун што го погоди Виетнам во последните неколку децении, а во саботата ја опустоши земјата со удари на ветер до 149 километри на час. Во неделата ослабна до тропска бура, но метеоролошката агенција на земјата сепак предупреди дека континуираните врнежи може да предизвикаат поплави и лизгање на земјиштето.

    Најмалку три милиони луѓе останаа без струја во провинциите Куанг Нин и Хаи Фонг.

    Јаги оштети и земјоделско земјиште, близу 116.192 хектари каде најмногу се одгледува ориз.

    Пред да удри во Виетнам, Јаги предизвика најмалку 20 смртни случаи на Филипините минатата недела, како и три смртни случаи во Кина.

    Бенџамин Хортон, директор на Земјината опсерваторија во Сингапур, рече дека бурите како тајфунот Јаги „се посилни поради климатските промени, првенствено затоа што потоплите води на океаните обезбедуваат повеќе енергија за поттикнување на бурите, што доведува до поголема брзина на ветерот и пообилни врнежи“.

    Хортон рече дека заштитата на природните системи кои се движат од корални гребени до реки додека се градат структури поотпорни на силни ветрови и летечки отпад, како и подобрување на инфраструктурата, се мерки кои би можеле да им помогнат на земјите подобро да се справат со силните тајфуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img