Пилотот на италијанското воено воздухопловство загина кога неговиот борбен авион се урна на Сицилија, а неговото тело го пронајдоа спасувачите во средата наутро, јави агенцијата АНСА.
Италијанската војска ја потврди несреќата во вторникот вечерта, велејќи дека авионот не се вратил од тренинг мисија во попладневните часови.
Се верува дека местото на несреќата било на околу 10 километри југоисточно од воената база во близина на Трапани, во западна Сицилија.
Упатен е хеликоптер во потрага по пилотот, соопшти Военото воздухопловство.
Причината за несреќата се уште не е позната.