Се урна дел од зграда во Загреб, блокиран јавниот сообраќај, полицијата на терен
Во загрепска Илица, кај куќата број 242, се урнал дел од зграда, јавува Дневник.хр.
За време на работите на реконструкција на објектот дошло до непредвидено уривање на дел од зградата на 5 до 6 метри од Илица, дознава Дневник од загрепските пожарникари.
Со оглед на тоа што постои натамошен ризик од колапс и поради отстранување на делови од материјалот и заради безбедност на граѓаните, работниците привремено го блокираа трамвајскиот сообраќај и на Илица е на сила посебна сообраќајна регулатива, а полицијата обезбедува тој дел од градот.
Од ЗЕТ соопштија дека поради санација на зградата на Илица 242, трамвајските линии 2, 6 и 11 се привремено пренасочени кон Западни колодвор, а патниците на релација Западни колодвор – Чрномерец се превезуваат со автобуси.