Авион СУ-25 на бугарското воено воздухопловство се урна во близина на воздухопловната база Безмер, во источниот дел на земјата, објави Бугарската национална телевизија (БНТ).
Пилотот се катапултирал за време на приодот за слетување.
Министерот за одбрана Димитар Стојанов и началникот на Генералштабот адмирал Емил Ефтимов се на пат кон воздухопловната база „Безмер“.
Во воздухопловната база „Безмер“ се наоѓаат ловците СУ-25, кои беа модернизирани во Белорусија за нешто повеќе од 80 милиони евра, јави БНТ.
Бугарија во моментов има осум активни авиони СУ-25.