More

    Се упокои д-р Димитар Кафтанџиев

    spot_img

    Вчера, во Скопје, по кусо боледување, почина проф. д-р Димитар Кафтанџиев, доајен на македонската хирургија и основоположник на современата македонска торако-васкуларна и кардиохирургија. Проф. д-р Димитар Кафтанџиев бил раководител на тимот, кој пред 50 години, на 30.мај 1973 година ја извршил првата операција на отворено срце во државава.

    Извршувал повеќе општествено-стручни и раководни функции. Бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на клиниката за торако-васкуларна хирургија, како и директор на Хируршките клиники при Медицинскиот факултет во Скопје.

    Автор е на две монографии со наслов „Рак на дојка“ и „Рак на тиреоидна и паратиреоидни жлезди“, како и на многубројни стручни и научни трудови, презентирани во земјава и во странство.

    Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои, Орденот за заслуги за народ со сребрена ѕвезда на СФРЈ, Државната награда „11 Октомври”, како и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

    Посмртните останки на проф. д-р Димитар Кафтанџиев ќе бидат погребани утре, на градските гробишта ,,Бутел” во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img