Се укинува задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на ковид-19 за влез во земјава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на ковид-19 за влез во земјава. Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти.

За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината зашто Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш  туку постепено.

– Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките – изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

Новиот предлогот за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност треба да биде усвоен од Владата.

На седница вчера Владата ја одобри претходната порака на КЗБ, да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски во затворeни простории, освен во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и во домовите за стари и установи за згрижување лица со посебни

Share This Article