Се субвенционира превезен патник на нова дестинација

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерство за транспорт соопшти дека е отворен вториот  jавен повик за доставување барање за доделување финансиска поддршка за воведување нова/нови дестинација/и од аеродромите во земјава. Финансиската поддршка се доделува за период од 1 јануари 2025 година заклучно со 31 декември 2027 година. Во рамките на тригодишната програма 2025-2027 година за овој (втор) јавен повик предвидени се средства во висина од 207 милиони денари.

На повикот можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат следниве критериуми:  да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година, да имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година и да поседуваат уверение за исполнување на безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз

Барањата за финансиска поддршка ќе се разгледуваат и одобруваат по принципот на првенство при поднесување на барањето се до исцрпување на средствата утвредени со Програмата на владата.

Во однос на износот на финансиската поддршка, истата ќе изнесува исто како и во првиот јавен повик и тоа: 9 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен до Меѓународен аеродром Скопјеи 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен до аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.

Заинтересираните авиокомпании ќе можат да поднесуваат барања за субвенционирање во текот на целиот период за кој се доделува финансиската поддршка.

Средствата кои се останати по првиот повик за финансиска поддршка, кои се утврдени по години и не се пренесуваат, се во износ од: 81.613.245,00 денари (1,327,045 евра) за 2025 година, 62.144.371,00 денари ( 1,010,478 евра) за 2026 година и 63.255.968,00 денари (1,028,552 евра) за 2027 година.

– Авиопревозникот на кој ќе му биде одобрено барањето за финансиска поддршка треба секоја нова дестинација воведена од/до „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, да ја опслужува најмалку 2 пати неделно, по однапред определен ред на летање за периодот за кој му се доделува финансиската поддршка, наведен во поднесеното барање, освен за неделата во која се паѓаат Нова година и верските празници католички и православен Божиќ, стои во повикот.

Со првиот јавен повик, Министерството за транспорт обезбеди 6 нови авиолинии и тоа од аеродромот од Скопје кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт,  а од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус.

Share This Article