Туристите на плажата во Ханиоти биле сведоци на непријатна ситуација, кога неколку мажи од Србија се истепале по расправија. Што точно се случувало пишува очевидец на фејсбук групата „Грчка инфо“.
„За жал, вчера околу 20 часот бевме сведоци на тепачка на двајва мажи поради риболов, додека луѓето се уште се капеа, еден човек почна да лови риба. Другиот му рече дека не смее, а овај му врати со пцости и така почна тепачка. Денеска слушнавме дека рибарот заработил два скршени заба, пукната аркада и задниот дел од главата со камен. Беше застрашувачки да се види сето тоа, особено што нивните деца гледаа и врескаа. Локалниот лекар не го ни прегледал, туку веднаш го испратил во болница. Вака човек си го расипува одморот и за себе и за семејството“, напиша таа.
Во коментарите многумина додадоа дека требало да се изостави дека се работи за Срби.