More

    Се стекнал со имот од над 60 милиони денари

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик.

    Осомничениот управител преку правното лице во 2018 година, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, свесно ги повредил прописите за постапката за доделување договор за јавна набавка на средства за хигиена спроведена од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија.

    „Постои основано сомнение дека како дел од конзорциум кој учествувал во постапката за јавната набавка, осомничените поднеле невистинита документација и оствариле имотна корист од поголеми размери за правното лице. Имено, со приложената невистинита документација осомничените биле избрани во постапката и со нив бил склучен Договор за јавна набавка со вкупна вредност од 209.999.304,00 денари без ДДВ за период од три години. Врз основа на овој договор, обвинетиот и неговото правно лице биле исплатени износ од 60.691.261,00 денари со ДДВ, односно 25 проценти од вкупниот износ исплатен кон конзорциумот“, се појаснува во соопштението.

    Во 2021 година истото правно лице, повторно како дел од група фирми, се јавило во постапка за јавна набавка на средства за хигиена спроведена од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија. Повторно врз основа на лажни документи, стои во соопштението, бил склучен договор со осомниченото правно лице како носител на групната понуда и му биле исплатени 21.497.105,50 денари со ДДВ за извршување на обврските по јавната набавка, односно 40 проценти од вкупниот износ на договорот.

    Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот кривичен суд Скопје за осомниченото физичко лице да определи мерки на претпазливост односно забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно забрана за располагање со парични средства од банкарските сметки на правното лице.​

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img