Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, на Фејсбук информираше дека сега има плата за сите, за разлика од времето кога на власт биле СДСМ и ДУИ, кога немало плата.
„Работите се менуваат – во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има! Денеска плата ќе добијат вработените во Пошти, а вчера добија во МЖ Инфраструктура. Од понеделник ќе има плата и за МЖ Транспорт. Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот. 4.400 семејства го добиваат тоа што го сработиле. Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ. Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт. Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење!“, напиша тој на Фејсбук.