Стотици дронови и беспилотни летала способни да пукаат веројатно веќе ѝ испратил Иран на Русија, потврди американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан. Тој дека САД имаат информации дек Иран се подготвува да ги обучува Русите за да ги користат дроновите, пишува Политико.
– Нашите информации покажуваат дека иранската влада се подготвува да испорача до неколку стотици дронови, вклучително и беспилотни летала способни за оружје, во Русија, по забрзан распоред – рече Саливан.
Денеска Џо Бајден патува во Израел и Саудиска Арабија, каде што нуклеарната програма на Иран ќе биде една од главните теми на разговор.
– Руските сили во голем број губат извидувачки беспилотни летала. Нивниот сопствен производствен капацитет за вооружени беспилотни летала сè уште е во зародиш – изјави Мајкл Кофман, директор на истражувачката Програма за студии за Русија во Центарот за поморски анализи.
– Можеби се заинтересирани за ирански лутачки муниции или борбени беспилотни летала. Ова е една област каде Иран може да има поголем капацитет – додава тој.
Купувањето беспилотни летала од Иран сигнализира дека Русија е очајна, нема избор поради економската изолација, вели за Политико американски функционер запознаен со ситуацијата. Според него, стотици дронови е „значителна“ сума.