More

    Се согласила ли Србија тајно да испрати оружје за Украина?

    spot_img

    Србија, единствената земја во Европа која одби да ја санкционира Русија за нејзината инвазија на Украина, се согласила да испорача оружје на Киев или веќе го испратила, сугерираат доверливи документ на Пентагон кој е дел од големото протекување на десетици досиеја, пишува Ројтерс.

    Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, ги негираше тврдењата изнесени во наводниот документ велејќи: „Ние ги негиравме тие невистини повеќе од десет пати“.

    – Ние ги негиравме тие невистини повеќе од десет пати и еве, пак ќе го повториме тоа. Србија нема, ниту ќе продава оружје на украинската или руската страна, ниту на земјите што го опкружуваат тој конфликт – изјави Вучевиќ за руски Спутник.

    Документот до кој дошле од Ројтерс е резиме на одговорите на европските влади на барањата на Украина за воена обука и „смртоносна помош“ или оружје. Внатре, во форма на графикон наведени се одговорите на 38 европски влади со „оценка“.

    Графиконот покажува дека Србија одбила да обезбеди обука за украинските сили, но се обврзала да испрати смртоносна помош или веќе ја доставила. Исто така, се вели дека Србија има политичка волја и воена способност да ѝ обезбеди оружје на Украина во иднина.

    Документот ја носи ознаката Secret и NOFORN, со што се забранува негова дистрибуција на странски разузнавачки служби и војска. Истата е датирана од 2 март, а со врежан печат на канцеларијата на Здружениот штаб.

    – -Ако овој документ е точен, тој или ја покажува дволичноста на Вучиќ во однос на Русија или пак, Вучиќ е под огромен притисок од Вашингтон да испорача оружје на Украина – рече Јануш Бугајски, источноевропски експерт од Фондацијата Џејмстаун, институт за надворешна политика.

    Москва во март соопшти дека побарала од Белград официјално објаснување за наводните испораки, државната новинска агенција ТАСС ја цитираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

    Производителот на оружје Krusik Corp. од Ваљево негираше дека ѝ дал ракети или друго оружје на Украина. Вучиќ ги нарече обвинувањата „позната лага“.

    – Не извезовме никакво оружје или муниција во Русија или Украина – рече тој за време на посетата на Катар на 5 март.

    Министерството за правда на САД го истражува истекувањето на документите, додека Пентагон ја проценува штетата направена за националната безбедност на САД.

    На списокот, односно на графиконот, само две земји се изјасниле со експлицитно „Не“ за доставување на оружје за Украина.

    Тоа биле Австрија и Малта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img