More

    Се снима филм за Дражен Петровиќ

    spot_img

    Во Хрватска наскоро ќе почне снимањето на филмот за животот и кариерата на Дражен Петровиќ. Снимањето на филмот за кошаркарскиот великан, кој почина пред 30 години, се очекува да заврши наесен следната година.

    Младиот актер Домагој Нижиќ (25) ќе ја толкува улогата на „кошаркарскиот Моцарт“. Зринка Цвитешиќ ја толкува улогата на Бисерка Петровиќ, мајка на Дражен Петровиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

     

    -Со многу верба, надеж, љубов и самопожртвуваност ќе се обидам да ја применам неговата посебност во мојата работа. Тренирам и се надевам дека ќе успеам да го доловам ликот на Дражен – изјави Нижиќ за RTL.

    Младиот актер е роден во Љубушки, покрај актерството се занимавал и со спорт, бил одбојкар и има физички предиспозиции по кои наликува на славниот кошаркар со само еден сантиметар во висината

    -Дражен беше човек за пример на сите млади луѓе, не само за спортистите, туку и за другите, како треба да се живее животот и како со одрекувањето доаѓа голема одговорност, но носи и  голема убавина. Мислам дека тој таа  убавина ни ја остави на сите нас. Тоа е наследство кое треба да продолжи да живее со генерации – заклучи Нижиќ.

    Филмот за Дражен Петровиќ ќе го режира Данило Шербеџија, а проектот го иницираа Љубо Зџеларевиќ и Ивор Шибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img