More

    Се санира свлечиштето и каналот на хидроелектраната Врбен на ХЕС Маврово

    spot_img

    Се санира свлечиштето и се гради нов бетонски канал по настанатите штети на еден од каналите за собирање води за хидроелектраната Врбен на хидросистемот Маврово во септември, соопштија од АД Електрани на Северна Македонија.

    Оттаму наведоа дека во моментот се изведуваат ископи, насипи, поставување цевки за пропусти, кршење на стариот канал и изведба на нов тунел во должина од 29 метри. Се работи со булдожери, багери, утоварачи, кршачи на бетон, транспортери итн. Условите за работа се тешки, се работи на 1500м надморска виина, на ризичен терен со можни нови одрони на карпи и лизгања на земјиштето.

    – Лизгање на земјиштето од обилните врнежи на 27 септември предизвика попуштање на бетонскиот канал, изграден уште во 1950 година при пробивањето на тунелите и градењето на мрежата за собирање на водите од планинскио масив на Кораб и горнорадички слив, за потребите на хидроелектраните на ХЕС Маврово. Со дозвола на Бирото за јавни набавки, по итна постапка веднаш по настанот, избран е изведувач на работите, градежна фирма од Тетово, која почна да работи на терен, со проценка за завршување на зафатот за 30 дена – информираа од ЕСМ.

    Хидроелектраната Врбен во текот на целиот период е функционална, има довод на води од другите канали, додека водата која не може да помине преку каналот каде сега се работи, се испушта во реката Радика и оди во акумулацијата Шпилје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img