СЕ РАЗРЕШУВА СЛУЧАЈОТ СО ГРАБНУВАЊЕТО ВО КИСЕЛА ВОДА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Разрешувањето на случајот со грабнување на едно лице во Кисела Вода, во март годинава, се проширува на уште еден осомничен за учество во делото против кого Основното јавно обвинителство Скопје, денеска покрена истражна постапка.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејствија на кривично дело –  Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 3 март, заедно  со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Се преземаат дејствија за лишување од слобода на осомничениот, информираат од ОЈО.

Share This Article