Се разговара со американски гигант за идната трансформација на термоелектраната

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Влада планира РЕК Битола да ја трансформира од јаглен на гас. За таа цел, како што изјави денеска премиеот Димитар Ковачевски АД ЕСМ и Владата имаат контакти на високо ниво со еден од најголемите американски гиганти во делот на производство и инсталирање на постројки за производство на електрична енергија од гас.

-За та цел годинава комплетно беше завршено гасоводното поврзување на Битола со гасоводната мрежа до објектот во Жидилово кој практично е единствената точка за прием на гас во нашата држава. До крајот на годинава ќе започне со изградба и гасоводот со Грција кој ќе овозможи уште еден извори  поврзување со гас. Со оглед на тоа дека во РЕК Битола постои инфраструктура, трафостаници и комплетна мрежа да може да биде инсталирано производство на електрична енергија од друг енергенс пред се гас нема да претставува проблем да се направи таа транзиција – рече Ковачевски.

Тој информира дека старите наоѓалишта на јаглен во РЕК Битола ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи кои, како што кажа, ќе дадат дополнителна електрична енергија.

Според премиерот, значително е подобрена енергетската ситуација во земјава и дека е намален увозот на електрична енергија за речиси 50%.

-Ако порано увезувавме електрична енергија во висина од 35 до 40% тоа е намалено под 20% и под 15% во зависност од месецот. Дури има и месеци кога воопшто не увезуваме електрична енергија. Тоа се должи на зголеменото производство во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино, како и на ново инсталираните капацитети од обновливи извори на енергија кои имаат ист производен капацитет со РЕК Битола – рече Ковачевски.

Во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, за 11 години беа изградени само 16 мегавати ОИЕ, а само од јануари до сега на мрежа се 450 мегавати ОИЕ, а до крајот на годинава ќе бидат 600 мегавати

Share This Article