More

    Се разгорува конфликтот по нападот врз мостот Керч

    spot_img

    Русија во текот на ноќта почна со воздушни напади врз јужна и источна Украина користејќи беспилотни летала и балистички ракети. Веќе има информации за ракети истрелани врз Одеса, а

    и Русија тврди дека Крим бил цел на ракетен напад од украинска страна. Засега нема извештаи за жртви од двете страни.

    Јужното пристаниште Одеса и регионите Миколаив, Доњецк, Херсон, Запорожје и Дњепар се нападнати или под закана од напад од руски беспилотни летала, јави Военото воздухопловство на Украина на Телеграм.

    Во најновиот руски ракетен напад врз Одеса во текот на ноќта оштетена е пристанишната инфраструктура, јавија локалните украински власти.

    Шест ракети од типот „калибар“ беа лансирани од Црното Море врз Одеса“, се наведува во соопштението на украинската оперативна команда за југот на земјата.

    Украинската противвоздушна одбрана ги уништила проектилите, но остатоците од проектилите „ја оштетиле пристанишната инфраструктура и неколку приватни куќи“.

    До нападот врз Одеса дојде само неколку часа по истекот на договорот за извоз на украинско жито.

    Се додава дека Русија можеби користи балистичко оружје за да ги нападне регионите Полтава, Черкаси, Дњепар, Харков и Кировоград.

    Олех Кипер, началник на воената администрација на регионот Одеса, изјави дека тамошните системи за противвоздушна одбрана се ангажирани за одбивање на нападите од руски беспилотни летала.

    Постои веројатност од неколку бранови напади“, рече Кипер на Телеграм.

    Истовремено, Русија тврди дека во раните утрински часови спречила напад со 28 украински беспилотни летала на Крим, јави Скај Њуз.

    Руската воздушна одбрана уништи 17 беспилотни летала, а уште 11 беа пресретнати од системите за електронско војување, соопшти руското Министерство за одбрана, цитирано од британската телевизија.

    Се додава дека „терористичкиот напад“ не нанел никаква штета или жртви.

    Инцидентот се случува еден ден по нападот на мостот Керч на Крим, што предизвика сериозни штети и го прекина патничкиот сообраќај меѓу полуостровот и јужниот дел на Русија.

    Претходно рускиот претседател Владимир Путин побара зголемени безбедносни мерки на мостот на Крим, стратешка инфраструктура оштетена по втор пат во украински напад и најави „одговор“ на нападот.

    – Одговорот на Русија сигурно нема да изостане, министерот за одбрана подготвува соодветни предлози – рече Путин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img