More

    Се разгледува можноста за повторно вклучување на „Ер тракторите“

    spot_img

    Во текот на денешниот ден може да се очекува пожарот во Огражден да биде изгаснат, тврди командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, Александар Гудев.

    Откако вчера беше изгаснат крајниот северозападен крак од големиот пожар кој избувна пред 7 дена на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, денеска се продолжува со гаснење и на југозападниот крак, веднаш до границата со Бугарија. Пожарот сѐ уште е активен, а според директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, се разгледува можноста за повторно вклучување на „Ер тракторите“, како што дејствуваа вчера.

    Според командирот на ТППЕ Струмица, може да се очекува во текот на денешниот ден пожарот да биде изгаснат, но на многу делови и непристапни места догорува напластен сув материјал.

    Во изминатите 7 дена, според досегашните проценки, изгореа стотитици хектари нискостеблеста дабова и борова шума.

    Според последните информации, пожарот во близина на село Штурово над Радовиш, на планината Плачковица, кој започна да гори вчера од 16.20 часот, од синоќа е ставен под контрола и нема опасност да се прошири кон блиските куќи и викендици.

    – Условно кажано, пожарот е заокружен од сите страни. На горната страна од кај планината веќе имаме изгорен појас, така што ние сме големи оптимисти дека до претпладне (денеска) пожарот ќе биде ставен под целосна контрола – изјави синоќа Ангелов.

    И третиот активен пожар во Југоисточниот регион, меѓу селата Негорци и Кованец во Општина Гевгелија, кој гори од 12 овој месец, е активен, но со намален интензитет. Досега е изгорена површина со ниска вегетација, смрека, прнар и даб на површина од околу 100 хектари.

    Од ЦУК информираат дека поради специфичноста и недостапноста на теренот, пожарот се следи од страна на 3 пожарникари со 1 теренско возило од ТППЕ Гевгелија и 20 вработени во ЈПНШ-подружница – „Кожув“ Гевгелија. Еден крак од пожарот е активиран и гори мешана нискостеблеста шума кон селото Серменин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img